Комисијата за заразни болести предлага полициски час од 22 часот? Прес на Филипче во 14:30 часот (следете во живо)

Комисијата за заразни болести размислува да предложи до Владата да се воведе полициски час од 22 часот, дознава порталот „Локално“ од сопствени извори.

Во оваа насока се размислува откако вчера беа регистрирани убедливо најмногу (317) нови случаи на Ковид-19 во период од 24 часа, од почетокот на пандемијата во земјава.

Како што најавија од владината прес-служба, во 14:30 часот министерот за здравство Венко Филипче, по подолго време, ќе одржи прес-конференција.

Прочитајте и:  Филипче: Многу отворени прашања за унгарскиот кредит, ние дававме кредити со многу пониски каматни стапки
- Реклама -