Комитетот за надворешна политика на американскиот Сенат го одобри предлог-законот за Западен Балкан

Комитетот за надворешна политика на американскиот Сенат го одобри предлог-законот за Западен Балкан и ќе го испрати на изјаснување пред целосниот состав на Горниот дом на Конгресот.

Законот беше поднесен до Сенатот во мај минатата година од демократската сенаторка Жан Шахин, претседателка на Сенатскиот поткомитетот за Европа, со поддршка од колегите од двете политички партии.

Таа истакна дека со одобрувањето на законскиот предлог, Комитетот за надворешна политика „испрати порака за обновена посветеност на земјите од Западен Балкан“.

Го напишав овој предлог-закон за да се фокусирам на зајакнување на нашата посветеност и инвестиции во регионот, преку интензивирање на трговската и економската соработка и да ги зајакнеме американските механизми за решавање на прашањето за малигното влијание, корупцијата и другите работи што се обидуваат да ги поткопаат демократските аспирации на регионот, истакна Шахин.

Прочитајте и:  Орбан: Следуваат двата најопасни месеци од војната, Западот треба најсериозно да ги сфати зборовите на Путин
- Реклама -