Компани неизвесен за натпреварот против Македонија

Капитенот на Манчестер Сити, Винсент Компани напорно работи за да биде подготвен за Македонија, одлуката дали ќе настапи ќе биде донесена до четврток.
Поради повреда Компани нема одиграно натпревар од јануари, но дефанзивецот е блиску до враќање на теренот и затоа беше повикан во составот на Белгија за натпреварите против Македонија.

Асистент тренерот на Белгија, Витал Боркелманс вели дека сеуште нема одлука дали Компани ќе настапи или не, но вели дека самото негово присуство е од големо значање за репрезентацијата.

„Винсент тренира со фитнес тренерот. Тој напорно тренираше и со Манчестер Сити во последниот период” – вели Боркелманс за Sky Sports News.

„Тој е многу значаен за тимот и среќни сме што е тука, со нас. Во среда или четврток ќе ја донесеме одлуката дали ќе игра или не”.

Роберто Манчини претходно изјави дека не сака Компани да настапи за Белгија со цел комплетно да се опорави од повредата.

„Повеќе пати разговаравме со тренерот на Сити, но Винсент е многу значаен за нас. Тој е капитенот на тимот”.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал.

- Реклама -