Дали некогаш сте помислиле дека гледате фаца во компирот? Тогаш не сте единствени – за либанскиот уметник Ginou Choueir, секој компир поседува посебен карактер кој тој го открива сликајќи портрети кои ја отсликуваат „скриената личност“ во него.
Дали некогаш сте помислиле дека гледате фаца во компирот? Тогаш не сте
единствени – за либанскиот уметник Ginou Choueir, секој компир поседува
посебен карактер кој тој го открива сликајќи портрети кои ја
отсликуваат „скриената личност“ во него.
Тој има насликано стотици портрети на компири. На прашањето зошто баш компири тој одговара дека постои голема сличност помеѓу компирите и човечките лица: „Текстурата и бојата на компирот е многу слична со нашата, тие доаѓаат во различни големини, форми и облици. Компирите растат, живеат и потоа се распаѓаат, отсликувајќи ја минливоста и кршливоста на нашата сопствена човечка природа.“
Можеби нема да се согласите со неговата малку необична теорија, но мора да признаете дека овие компири изгледаат како навистина да имаат свој карактер.