Утре со почеток од 18 часот во Населбата Железара ќе се одржи првото издание на фестивалот Комшилоок. Се работи за мултимедијален уметнички проект кој има за цел да ја децентрализира културата во Скопје, правејќи подвизи да ги анимира урбаните решенија низ градот, воедно негувајќи го чувството на заедништво.
Комшилоок е фестивал каде што креативноста се среќава со заедницата – калеидоскоп на музика, танц, театар и уметност токму во населбата Железара.
„Комшилоок не е само фестивал. Заедно истражуваме нови идеи, поттикнуваме идеи и работиме да создадеме комшилук на кои ќе сме горди, сега, а најважно и во иднинина. Овој фестивал е потсетник на живиот дух на нашата заедница, важноста да се здружиме и радоста да се доживее нешто навистина посебно токму во нашиот сопствен двор. Кој вели дека треба да патувате за да искусите уметност и култура? Комшилоок ја носи магијата на вашиот праг. Заедно ќе трансформираме неочекувани локации во центри на креативност и инспирација. Ќе ја пронајдете уметноста и нејзината убавина во навидум најобичните места, позади зграда, пред влез, на балкон…“ велат организаторите.
Комшилоок е мултимедијален фестивал кој го слави вкрстувањето на уметноста и заедницата, прикажувајќи различни форми на изразување, од визуелни уметности до перформанси во соседството. Преку социјалниот актвизам, фестивалот има за цел да ги вклучи жителите во значаен дијалог, да инспирира колективна акција и да поттикне чувство на единство и зајакнување во локалната заедница.
Програмата на фестивалот е во прилог