Комуналец Гостивар: Водата од јавната водоводна мрежа не е безбедна за пиење

Јавното претпријатие Комуналец Гостивар попледнево извести дека водата од јавната водоводна мрежа во моментов не е безбедна за пиење.

„Поради контаминација предизвикана од обилните врнежи од дожд, најновите физичко-хемиски и микробиолошки анализи потврдуваат дека водата од јавната водоводна мрежа во моментов не е безбедна за пиење. До натамошно известување, избегнувајте пиење вода од чешма. Работиме на решавање на овој проблем и ќе ве известиме штом водата е безбедна за пиење.“, стои во нивното соопштение.

Извор