Кон ѕвездите на црвениот тепих на „Браќа Манаки“ во Битола

Како што веќе добро знаеме, во саботата се одржа свеченото отварање на 35-тото јубилејно издание на нашиот најреномиран фестивал ИФФК „Браќа Манаки“ во Биотола.

И се разбира, покрај главната цел на одржување на овој фестивал, а тоа е славење на големите светски кинематографери и доделување на наградата „Камера 300“, поголема „фама“ се дига околу кој, како и зошто се појавил на црвениот тепих.

20140913_201646_13

Од актери, режисери, новинари, дизајнери до „обична раја“ блеснаа на црвениот тепих кој треба да зрачи од гламурозност, и ја дадоа „во нивните граници“. Сепак, од она што го видовме и како што се покажува секоја година, има тенденција на подобрување и остварување на вистинскиот сјај на оваа свеченост.

20140913_201839_3

Зачудувачки е што многу мал број на македонски актери се појавија на овој настан. Весна Бејби Петрушевска беше прекрасна на црвениот тепих и весело одговараше на прашањата од новинарите.

20140913_202846_820140913_202732_8

Лабина Митевска, која е и главен организатот на фестивалот, беше во црвена тоалета и секогаш насмеана. Таа на црвениот ги придужи големите ѕвезди на вечерта: кинематограферот и Оскаровец Лука Бигаци, и еден од најдобрите британски и светски кинематографери, Крис Менџис.

Прочитајте и:  „Св. Ѓорги“ и Јени џамија, од денеска се Музеј на христијанско и исламско културно наследство

20140913_204952_1

20140913_204933_15 20140913_204912_10

Се разбира, главната ѕвезда на настанот беше популарната француска актерка Жулиет Бинош, која изгледа прекрасно и во живо како и пред малите екрани, весела, нежна и професионална.

20140913_205015_4 20140913_205019_2 20140913_205021_9 20140913_205024_1 20140913_205148_4 20140913_205206_2

Сепак, според впечатоците, најсреќен што е повторно во Македонија беше Раде Шербеџија кој секогаш го поддржува македонскиот филм и култура.

20140913_202354_10 20140913_202407_3 20140913_202616_4

Како што беше објавено, 35-тото издание на „Браќа Манаки“  се одржува од 13 до 19 септември. Добитник на специјалната награда „Златна камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност е Лука Бигаци, а добитник на наградата за животно дело „Златна камера 300“, Англичанецот Крис Менџис, а  наградата „Златна камера 300“ на Жулиет Бинош ѝ ја врачи претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов. Два македонски филма ќе ги имаат своите премиери, До балчак на Столе Попов и Децата на сонцето на Антонио Митриќески. Вкупно 76 филма во осум категории ќе бидат прикажани на Фестивалот, меѓу кои и омаж на Милчо Манчевски. Годинашниот јубилеј ќе се одвива под слоганот Кон ѕвездите.

20140913_195823_2 20140913_200032_11 20140913_200049_11 20140913_200144_7 20140913_203037_1 20140913_203905_1 20140913_204043_8

 

 

- Реклама -