Концерт кој ја надминува границата помеѓу класичната музика и бруталната енергија на алтернативната сцена.

Скопје на 13 мај ќе биде домаќин на еден уникатен концерт, каков што ретко можеме да видиме на нашата сцена. Во Младинскиот културен центар, со почеток во 20:30 часот, ќе се реализира „Индустриска Симфонја“ – иновативен музички проект на Оркестарот DIVA од Битола.

Овој концерт не е наменет за затворено седење; напротив, тој нуди шанса за целосно вклучување во ритамот и енергијата. „Индустриска Симфонја“ носи ново, возбудливо доживување, спојувајќи оркестарска прецизност со сурова, електронска и алтернативна звучна експлозија која веднаш ја трансформира атмосферата.

На репертоарот се познати хитови од легендарни артисти како The Prodigy, Rammstein и The Chemical Brothers, но во сосема нова, оркестарска интерпретација. Ова се композиции кои малкумина се осмелуваат да ги изведат во ваков формат, поради нивната сложеност и специфичен електронски стил.

Прочитајте и:  Скопје со нетрпение ги очекува творбите на Драган Гелев.

Затоа, Оркестар DIVA со овој проект нуди храбр и оригинален концепт – спојувањето на класичната музичка структура со енергијата на алтернативната сцена, создавајќи уникатно искуство кое ветува незаборавна вечер.

Интересот за концертот веќе расте, а билетите се достапни за купување онлајн. Организаторите најавуваат вечер полна со интензивни емоции, динамика и звук кој повторно ќе одекнува долго по последниот аплауз.

Ако сте љубители на необични музички искуства, „Индустриска Симфонја“ е настан кој со сигурност не треба да го пропуштите.