Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе организира концерт на Камерниот оркестар „Солисти на ФМУ“, во чест на 60-годишнината од неговото основање.
Концертот е закажан за 22 април 2026 година (среда), со почеток во 20 часот, во Камерната сала на НУ Филхармонија.
На сцената ќе настапат камерниот оркестар „Солисти на ФМУ“, под диригентското водство на проф. м-р Сашо Татарчевски, а како солистка ќе се претстави Аница Нелоска на пијано (класа: проф. д-р Марија Ѓошевска).
„Овој настан е значаен дел од нашата концертна активност, насочен кон поддршка и афирмација на младите музички таленти. Со вашето присуство, ќе ни укажете на особена чест и ќе бидете важна поддршка за уметничката и образовната мисија на нашата институција и младите музичари“, истакнуваат од факултетот.




