Концерт на Ријана во Сараево

Иако се шпекулираше дека Ријана во рамките на „Diamonds World Tour“ ќе настапи во Белградска арена, една од дефинитивно најпопуларните пејачки во светот доаѓa во Босна и Херцеговина. Нејзиниот концерт е закажан за 7  јуни во халата „Зетра“ во Сараево.

Организаторите на концертот „Broker Media“ и „Balkan Connect“, ја потврдиле веста дека Ријана доаѓа во Сараево и додале дека таа со себе ќе носи 50 тони багаж со продукциска опрема. Тие воедно нагласиле дека поради капацитетот на салата во продажба ќе бидат пуштени само 10 000 влезници.

Сепак, иако босанските организатори го потврдија доаѓањето на светската ѕвезда, се уште на нејзиниот официјален сајт Сараево не е додадено во листата на најавени концерти.

- Реклама -