Подобрата физичка кондиција носи подобар секс

Редовните кардио-васкуларни вежби, пешачењето и сите видови физички тренинзи кои ја подобруваат вашата кондиција ќе го подобрат и вашиот сексуален живот, потврдуваат научниците од Калифорнискиот Универзитет во Сан Диего, САД.

Истражувањето било направено на 78 мажи кои имале просечно 48 години. Тие за одреден временски период секојдневно морале по еден час да изведуваат аеробни вежби. На крајот на истражувањето резултатите покажале дека испитаниците имале за 30% повеќе сексуални односи со партнерката и за 50% повеќе мастурбирале.

Ова се должи на намалување на стресот, подобрата енергија и пред сè зголемената самодоверба која луѓето ја добиваат со редовното вежбање. Со редовното вежбање се подобрува работата на кардио-васкуларниот систем, а со тоа се подига нивото на хормонот ендофрин, кој пак влијае на зголемување на нивото на тестостеронот, хормон кој ја контролира машката плодност.

Истражувачите велат дека истото важи и за жените, бидејќи со редовно вежбање се затегнува тонусот на вагиналните мускули и се намалува ризикот од уринарна инконтиненција (незадржување на урина), што е чест проблем кај старите жени.

Ако сакате да ја одржите вашата кондиција, барем три пати неделно треба да правите кардиоваскуларни вежби во траење од минимум половина час.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -