Кондом против силување

rapex_1Митот за вагината со заби(vagina dentata) чудно се манифестираше низ вековите, но кој би помислил дека може да стане вистински?


rapestop1Митот за вагината со заби(vagina dentata) чудно се манифестираше низ вековите, но кој би помислил дека може да стане вистински?

Од овој месец жените во Јужна Африка ќе можат да ги вооружат своите вагини со Rapex направата, продукт кој чини помалку од 1 евро и се продава во трафиките. Во форма на женски кондом, тој е за внатрешна употреба со шуплина која е опремена со 25 „остри како жилет“ заби, кои ќе се закачат на пенисот на напаѓачот ако се обиде да пенетрира.

Некои луѓе ја осудија оваа направа како „одмазничка“, порачувајќи дека е средновековна и може да доведе до уште поголемо насилство.

Сепак, сеуште постојат проблеми со Rapex и тој не го спречува целосно силувањето, а може и да предизвика воспалувањe по подолго носење. Најголемиот проблем е што тој ја префла проблематиката на силувањето кај жените, наместо обратно.

Сепак, можеби ќе разберете зошто јужно-африканските жени би сакале да го пробаат. Според статистиките, секоја година има 1.7 милиони силувани жени, па во ваква околина одмаздата изгледа како единственото фер решение.

[RAPEX – THE ANTI-RAPE CONDOM]

- Реклама -