Бројот на порно филмови снимени во Лос Анџелес се намалил со спектакуларна брзина кога ќе се споредат податоците од 2012 и 2013 година, и сето тоа како последица на законот кој ги обврзува глумците да носат кондоми.
Според податоците на Филм ЛА, организацијата која издава дозволи за снимање, во текот на првите седум месеци оваа година се издадени само 20 дозволи за снимање.
Производството на порно филмови во 2011 година достигнало број од 5.000, а сите се снимени во Лос Анџелес и Сан Франциско. Но, по протестите на AIDS-активистите, производството драстично опадна по воведувањето на новиот закон, попознат како „Мерка Б“. Законот беше прифатен во ноември 2012 за да се намали ширењето на сексуално преносливите болести меѓу порно глумците, кои од тогаш се обврзани да користат кондоми при снимањето.
Професионалците од порно индустријата сметаат дека законот е сосема непотребен, бидејќи индустријата спроведува задолжително тестирање на ХИВ, бидејќи повеќето глумци не сакаат да користат кондоми при снимањето.
Публиката исто така негодува бидејќи не сака да гледа филмови во кои се користат кондоми. Поради тоа, половина од производството од Лос Анџелес се пресели во Лас Вегас, Флорида, Латинска Америка и источна Европа.
Претседателот на „Филм ЛА“ Пол Одли го опиша падот на дозволите за снимање како драматичен настан поради тоа што глумците не се единствените кои ја губат работата, туку и сите кои стојат зад камерите, во гардеробата и останатите помалку атрактивни работи во порно индустријата. Се смета дека порно индустријата обезбедува околу 20.000 работни места во регионот.