Конечно, цвеќе кое нема да се исуши

Ако сте од типот на луѓе, кои многу сакаат цвеќиња, но воопшто неможат да се грижат за нив, Air Plant Terrarium е токму таков тип цвеќе за вас.

Air Plant Terrarium, како што можете да претпоставите од неговото име е воздушно цвеќе, на кое не му е потребна почва, неговите лисја ја апсорбираат потребната вода и нитрати, а неговите корени се користат како котва, со која цвеќето се држи за околината.

Со други зборови ова е цвеќе кое неможете лесно да го уништите. Air Plant Terrarium се продава со минијатурен сад, а освен тоа со цвеќето вие можете да купите и упатство кое ќе ви покаже како да го поставите во садот.

Овие цвеќиња од сортата Tillandsias, доаѓаат во повеќе од 540 вида, а единствено што треба да знаете е дека тие сакаат индиректна светлина и вода два пати неделно. Поливањето се врши на многу лесен начин, така што ќе треба да го поставите цвеќето наопаку и да го ставите така да стои во вода 20 минути.

Цвеќињата Terrariums имаат рамен долен дел, така да можете да ги поставите на било каква рамна површина во вашиот дом.

Цената на ова интересно цвеќе е 25 долари. Повеќе за овој вид футуристични цвеќиња и како да ги одгледувате прочитајте овде .

Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -