Конгресменката Малојни му се извини на Бајден за изјавата дека не верува дека тој ќе се кандидира за втор мандат

Вашингтон, 4 август 2022 (МИА) – Во дебата за прелиминарни конгресни избори на демократите од Њујорк, на прашањето дали претседетелот Џо Бајден треба да се кандидидира за повторен избор, конгресменката Королин Малојни изјави дека таа не верува дека тој ќе оди на реизбор.

Малојни, членка на Претставничкиот дом од 12-от конгресен дистрикт на Њујорк, дебатираше со претставникот Џери Надлер.

Во интервју за Си-ен-ен денеска таа се извини за кажаното, по наплив од критики на нејзина адреса.

„Треба пред сѐ да му се заблогодариме на претседатеlот Бајден со тоа што го победи Доналд Трамп… јас би го поддржалa ако се кандидирa за претседател. Тоа беше мое лично мислење… Господине претседател, се извинувам и треба да се кандидирате, Благодарам претседателе“, изјави Малојни во интервјуто, откако наброја повеќе достигнувања на администрацијата на Бајден во изминатите три години.

Прочитајте и:  Бајден помилува две мисирки пред Денот на благодарноста

Во меѓувреме, во неколку држави како Aризона, Канзас, Мичиген и Мисури, на 2 август се одржаа прелиминарни избори од спротивниот, републикански табор, а во наредните три недели такви избори се оддржуваат во уште десеттина други држави.

- Реклама -