Коњуфца: ЕУ има дискриминирачки однос кон Косово, го третира како „не-држава“

Претседателот на Собранието на Косово, Глаук Коњуфца изјави дека Европската унија го третира Косово како „не-држава“, оценувајќи дека пристапот на ЕУ кон оваа држава е дискриминирачки, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според Коњуфца, Косово мора да го брани своето право до крај и да седне на маса со ЕУ „и до крај да разјасни кој има надлежност“ во врска со прашањето за формирање на Заедницата на општини со српско мнозинство во земјата.

По денешниот состанок на собраниското Претседателство, Коњуфца пред новинарите изјави дека Косово можеби доцни со изработката на нацрт-статутот на Заедницата, но, според него, немало временски рок за да се направи такво нешто.

„На Косово му се гарантира правото да презентира нацрт статут на Заедница. ЕУ може да не критикува и да каже ‘доцните’, но ние можеме да прашаме дали имало рок? Дискриминаторски е пристапот на ЕУ и со тоа и го третира Косово како не-држава. Косово мора да го брани своето право до крај и да седне со ЕУ и конечно да разјасни кој ја има оваа надлежност, Косово или ЕУ. Мислам дека е на Косово. Доцниме или не, ние и онака сме под мерки на ЕУ. Доволно е што доцниме, но доцнењето не може да ни ги одземе надлежностите“, рече Коњуфца.

Прочитајте и:  Вучиќ: Брисел не може да поднесе Вучевиќ да се сретне со руски министер па со Фон дер Лајен, против сум каква било поделба меѓу ЕУ и БРИКС

Тој додаде дека Косово е условено од страна на Европската унија.

„Мислам дека секој што мисли дека нацртот што му е доставен (од Брисел) е конечен документ што за Косово е ‘земи или oстави’, испаѓа дека на Косово му е одземена една многу државна ингеренција која исто така е гарантирана со процесот на дијалог, па и со уставот“, рече собранискиот спикер.

Тој изрази уверување дека нема да има дополнителни мерки од страна на ЕУ.

„Не мислам дека ќе има дополнителни мерки. Но, прашањето е како да ги отстраниме постоечките што ги имаме. Веќе се зголемија гласовите во ЕУ дека мерките треба да се укинат. Мерките ги имаме веќе некое време, но резултатите кои ги гледате… ние сме во ситуација во која Србија го отфрла Охридскиот договор. За Србија Охридскиот договор го има само името ‘Заедница на општини’ и другите точки нема да ги применува. Од писмото на (поранешната срспка премиерка, Ана) Брнабиќ (до членките на ЕУ“ за нападот во Бањска тие ја најавија смртта на Охридскиот договор. И сега која е вината на Косово тука ?“, рече Коњуфца. 

- Реклама -