Компанијата Chevrolet претстави на автомобилскиот салон во Њу Делхи концептен модел, чија сериска верзија ќе им конкурира на пазарот на Ford EcoSport и Renault Duster.
Прототипот е развиен од специјалистите од одделот на General Motors во индискиот град Бангалор. Соиред нивните зборови и покрај малите димензии машината ги има сите предности на кросовер – голем клиренс, одлична видливост и простор во внатрешноста.
Сериската верзија на моделот ќе биде изградена на глобалната платформа на General Motors – Gamma II, која се користи за модели како Opel Mokka. Должината на кросоверот нема да надминува 4 метри. За споредба EcoSport е долг 4.31 метри, а Duster – 4,24 m. Засега нема поединости за моторите, на кои ќе се потпира новиот Chevrolet Adra. Но, се претпоставува дека меѓу нив ќе се најде 1,3 литарски дизел мотор со моќност од 78 КЅ. Овој агрегат се вградува на седанот Chevrolet Sail и на компактниот ван Enjoy.
Нема исто така детали кога кросоверот ќе се појави на пазарот.