Денес свечено ќе биде затворен 6-от Меѓународен фестивал за кларинети КЛАРИФЕСТ-Скопје 2024 со концерт на кој ќе настапат гостите од САД и од Полска.
Концертот ќе се одржи во Музејот на македонската борба со почеток во 20 часот, а влезот е бесплатен.
Публиката ќе има уникатна можност да ужива во изведбата на класични дела како и фламенго музика во изведба на Барбара Борович-кларинет (Полска), Дуото ЖАКА од САД во состав Весли Фереира – кларинет и Џексон Вилиамс – гитара и нашата пијанистка Елена Атанасовска-Ивановска.