Корисниците на iOS 7 се жалат од морска болест

Некои корисници на iOS 7 се жалат дека во текот на работата со оперативниот систем откриваат во себе симптоми, споредливи со симптомите на морска болест.

8953_5244452A

За овој проблемот е посветена посебна секција на форумот на Apple. Корисник на име Ensorceled, започнал дискусија, во која истакнува дека анимацијата во iOS 7 предизвикува “гадење и главоболки”. Според него, со слични симптоми се соочуваат корисниците кога ги користат своите уреди додека патуваат во своите возила. Со него во форумот се согласиле уште четириесетмина други корисници.

Други користници коментирале дека имале”вртоглавица”, “болка во очите” и “поспаност”. Сите тие веруваат дека непријатностите биле предизвикани од користењето на iOS 7. Меѓу луѓето кои се пожалиле на форумот, има сопственици и на iPhone и на iPad.

Во менито “Поставувања” во iOS 7, во делот “Универзален пристап” е достапен инструментот “Намалување на движењето”, кој овозможува да се исклучи ефектот на паралаксата. Исклучувањето на анимацијата од поставките е невозможно. Некои од корисниците кои се вклучени во дискусијата на форумот, изјавуваат дека сакаат да се вратат во iOS 6 – претходната верзија на оперативниот систем.

Официјално, операцијата “downgrade” на iPhone и iPad е невозможна, но, се разбира, постојат алтернативни начини да се врати старата верзија на оперативниот.

Teкстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -