Корморани – неверојатни нуркачи (видео)

Со години биолозите работеа по претпоставка дека империјалните корморани – големи морски птици од Јужна Америка – се хранат со риби кои пливаат близу до површината.

Но кога научници од Аргентина поставиле камера на една од овие птици, тие биле изненадени од резултатот. Кормораните се всушност неверојатни нуркачи. „Ова беше првиот пат да набљудуваме нуркање до дното“ објаснува Мартин Мендез, конзервационист од World Conservation Society во интервју за National Geographic. „Ова е ново однесување – луѓето не го знаеја ова претходно.“

{youtube}jZ4QAWKgBu4{/youtube}

Во видеото можете да ја видите снимката од нуркањето до дното. Птицата се спушта до длабочина од 47 метри, каде што водата е студена а светлината речиси и не постои, наоѓа риба и се враќа на површината за да јаде.

Патувањето до дното трае помалку од три минути: четириесет секунди за патувањето до дното, осумдесет секунди за барање на плен и уште четириесет секунди за искачување до површината. Не е лошо за птица, за која биолозите до неодамна мислеа дека може да оствари само плитки нурнувања од 70 секунди. [“Superbird” cormorant’s deep dive caught on video – a surprising first]

- Реклама -