Koрпички со јајца и сланина

Класичен оброк од јајца и сланина, подготвен на малку поинаков и креативен начин.

Состојки:

12 парчиња сланина

6 јајца

бибер

оригано

маслиново масло

Подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 200 степени.

2. Со маслиново масло умерено подмачкајте калапи за мафини (6 калапи).

3. Отстранете ја маснотијата од сланината и во секоја дупка за мафини ставете по две парчиња сланина.

4. Во секој калап внимателно разбијте по едно јајце.

5. Печете во загреана рерна околу 15 минути.

6. Готовите корпички посипете ги со бибер, оригано и послужете со домат или друга свежа салата.

Прочитајте и:  Колку јајца можете да јадете на ден ако имате висок холестерол?
- Реклама -