Кортни Лав потрошила 27 милиони долари: Нема врска, тоа и онака се пари од „Нирвана“

Кортни Лав, вдовицата на музичарот Курт Кобејн се пофалила дека „спискала“ 27 милиони долари, но не жали за тоа.

 

– Потрошив 27 милиони долари! Знам дека тоа е бројка која повеќето луѓе не ја заработуваат во текот на целиот живот, но јас сум голема девојка, сето тоа е рокенрол… тие и онака се пари од „Нирвана“, и морав да ги пуштам да одат- изјавила Кортни.

Во интервјуто за Њујорк Пост, музичарката не покажала ни момент горчина поради своето расфрлање на пари, туку додала дека нејзиниот сегашен приход ѝ дозволува да ужива во лежерен живот.

- Реклама -