Таа е се уште отечена и се опоравува од операцијата на градите која ја направи минатата недела. Сепак, нејзиниот горд сопруг, актерот Даг Хачинсон (53), реши да ја прошета младата Кортни Стоден и воедно да ја почести вечера. Фамозната 18 годишна девојка како за промена беше пристојно облечена, во розев макси фустан кој сепак едвај ги затскриваше нејзините нови, џиновски гради.
Ѕвездата од филмот „The Green Mile“ се ожени со русокосата старлета пред две години, кога таа имаше само 16, што поттикна огромен критицизам земајќи го во предвид фактот дека тој е 34 години постар од неа.