Кошаркарскиот Супер Куп меѓу МЗТ Скопје и Пелистер ќе се одигра на 28 септември


Сезоната во македонската кошарка ќе почне со Суперкупот „Драган Василов – Цевка“ во машка и женска конкуренција кои ќе се одиграат во СРЦ „Кале“ на 28 септември.

За трофејот во машка конкуренција ќе се борат МЗТ Скопје и Пелистер, тој дуел ќе започне од 19:30 часот.

Претходно на програмата, од 17 часот е женскиот Суперкуп меѓу екипите на Баскет Кам и МЗТ Скопје.

- Реклама -