КосоваПрес: Со либерализација на визниот режим за граѓаните на Косово, моќта на косовскиот пасош ќе се зголеми четирикратно

Финализирањето на долгоочекуваниот процес на визна либерализација, освен што ќе го олесни слободното движење на граѓаните на Косово, ќе ја зголеми моќноста на косовскиот пасош за четири пати, јави агенцијата Косовапрес.

Врз основа на индексот на пасоши на VisaGuide.World, кој ги рангира пасошите на 199 земји чии граѓани можат да патуваат без визи, во случај на визна либерализација, Косово ќе се искачи за 93 позиции и со тоа силата на неговиот пасош ќе се зголеми речиси четири пати.

-Во индексот VisaGuide.World, косовскиот пасош е рангиран на 195-то место во светот со оценка 10,39. Под него се рангирани пасошите на Ирак, Сирија, Сомалија и Авганистан. Во случај на визна либерализација од страна на ЕУ, Косово ќе се искачи за 93 позиции, на 102. место, а моќта на пасошот ќе се зголеми речиси четирикратно, достигнувајќи 38,9“, изјави Бесарт Бајрами, основач на VisaGuide.World.

Иако искачувањето од 93 позиции во VisaGuide.World Passport Index ќе им овозможи на косовските граѓани слободно да се движат во повеќе земји без да аплицираат за виза, Косово ќе остане на дното на листата во споредба со другите западни земји од Балканот.

Прочитајте и:  Османи: Секое загрозување на правата на Албанците во С. Македонија ќе наиде на решително противење и единство на Албанците од цел Балкан

Според експертите на VisaGuide.World, тоа се должи на фактот што голем број земји се уште не го признале Косово како независна држава.

-Меѓу земјите од Западен Балкан, сепак ќе бидеме последни, бидејќи поради непризнавањето во 15 земји во светот (Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Куба, Грузија, Казахстан, Киргистан, Либан, Молдавија, Русија, Сирија, Таџикистан, Туркменистан, Узбекистан, Венецуела) ни е забранет влез со косовски пасош, нагласи Бајрами.

Дипломатите на ЕУ се согласија дека ако системот за патување ЕТИАС стапи во сила во ноември оваа година, визната либерализација за Косово може да се случи порано, на 1 ноември 2023 година, но датумот на кој ЕТИАС ќе стапи во сила, повторно беше одложен, посочува Косовапрес.

Иако Европската комисија соопшти дека сè уште нема точен датум за лансирање на ETIAS, се очекува тоа да се случи следната година.

МИА

- Реклама -