И третиот обид заврши неуспешно – Приштина не е примена во Интерпол. На заседанието на Генералното собрание на Интерпол во Дубаи, ни во првиот ни во вториот круг на гласањето Косово не го доби потребното двотретинско мнозинство за прием на нови членки.
Во првиот круг „за“ прием на Косово гласаа 76 дипломати, „против“ беа 56, а 22 гласаа воздржано.
Во вториот круг 68 дипломати гласаа „за“, 51 против, а 16 беа воздржани.
За неуспехот да се зачлени во светската полициска организација, Владата во Приштина ја обвини „дивата кампања“ на Белград.
Во расправата пред гласањето, меѓу земјите кои се јавија за збор во поддршка на Србија, беа и Шпанија, Кина и Русија.