Костадинов: Мицкоски да одговори дали посегнал по парите на еден од обвинетите во случаите на СЈО

„Не е ништо непознато за ВМРО-ДПМНЕ да шири лажни вести преку нивните курири, така да ги наречам“, одговара портпаролот и пратеник на СДСМ – Костадин Костадинов, на новинарско прашање околу неговата поврзаност со Боки 13 преку неговата невладина организација и неговата евентуална вмешаност во случајот „Рекет“.

„Отворено ќе ви кажам дека очигледно им сметаат моите дејствувања во однос на хуманитарните организации. Точно е дека пред три години сум бил назначен за почесен член во таа организација ‘Меѓународен сојуз – Скопје’ во која што членувале поранешниот амбасадор на ВеликаБританија – Господинот Чарлс Гарет, во која што членувала и нашата кошаркарска легенда Владо Илиевски.

Очигледно е дека им смета и очигледно не разбираат затоа што во нивно време работеле исклучиво заради нивните интереси, несметајќи дека во државата имаме луѓе на кои што им е неопходна нашата пружена рака и тоа очекувам да го разберат“, вели Костадинов, нагласувајќи дека државата има институции кои детално ќе го разгледаат случајот.

„Но, за жал лажните вести продолжуваат. Очигледно е дека и Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, а и таквите портали се исплашени од вистината и од напредокот којшто го има во нашата држава“, констатира Костадинов.

Од друга страна, Костадинов упати две прашања до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, за кои вели дека „ако има грам доблест“, Мицкоски треба отворено пред јавноста и веднаш да ги одговори.

„Првото прашање, до него лично, дали со еден од осомничените во случајот, на кои што им е одредена мерка притвор, имал неколку средби, од кои едната средба била во позната скопска дискотека, а другите средби биле одржувани во белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ.

Прочитајте и:  Мицкоски за барањето на Ахмети: Косово да интервенира кај уставните судии кои ДУИ и СДСМ ги избраа? Шокантно

Второто прашање ми е, дали Христијан Мицкоски посегнал по крвавите пари на еден од обвинетите од случаите кои што ги отвори специјалното јавно обвинителство.

Ова се сериозни прашања, кои што можат сликата драстично да ја променат. Се надевам дека Христијан Мицкоски ќе ги одговори, одговорно и отворено, затоа што граѓаните заслужуваат одговори“, прашува Костадинов.

Костадинов повика во постапката која е во тек да се земат сите аспекти и детали во предвид и да се утврди одговорноста на секој еден што бил вмешан. Тој побара и од ВМРО-ДПМНЕ исто така да ги повика институциите во име на системот којшто, нагласува, веќе функционира, да ги дадат конкретните одговори.

„Костадин Костадинов наместо да држи бледи прес конференции нека одговори што има договарано на средбите со Боки 13? Дали има разговарано за рекет и колкав бил рекетот изнудуван од бизнисмени? До вчера Костадин Костадинов исто како и неговиот шеф Зоран Заев му даваа кредибилитет на Бојан Јовановски за да изнудува рекет. Костадин Костадинов и неговиот шеф Зоран Заев ќе може да говорат за правда и реформи само кога ќе седнат на обвинителна клупа. Костадин Костадинов и неговиот шеф Зоран Заев најдобро што можат да направат е да распишат предвремени парламентарни избори, бидејќи нивниот крај доаѓа. Кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт, Костадин Костадинов, Зоран Заев и сите кои во моментов имаат заштита за сомнежите за криминал ќе одговараат пред законот“, одговорија од ВМРО-ДПМНЕ.

- Реклама -