Ковачевски: Со ДУИ имаме нормална комуникација, прашањето за заеднички листи ќе зависи од анализите кои се прават

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачески истакна дека со ДУИ имаат нормална комуникација. Како што посочи, уште се одвиваат разговорите за тоа дали ќе настапат со заеднички листи, а одлуката ќе зависи од анализите кои се прават како и од одлуките на органите на сите партии.

Ковачевски денеска за време на неговата посета на градинка „Пролет“, одговорајќи на новинарско прашање, информираше дека неодамна одржал состанок со лидерот на ДУИ Али Ахмети, на кој разговарале за настапот на изборите.

-Со ДУИ имаме нормална комуникација. Со Ахмети имавме состанок пред извесно време на кој разговаравме за настапот на изборите. Ние секако сме во коалиција. Секако, донесовме заедно многу важни одлуки за државата. Ги покренавме процесите на евроантлантски интеграции кои се врвен приоритет на граѓаните, бидејќи тие обезбедуваат подобра иднина, подобар животен стандард, подобра економија, владеење на демократија, подобро владеење на правото и сметам дека тие разговори ќе продолжат бидејќи не се финализирани во однос на тоа кој како ќе настапи на изборите, додаде Ковачевски.

Прочитајте и:  Филипче: Избравме луѓе кои имаат нови сили, личен интегритет, многу знаење и искуство

Тој додаде дека настапот на партиите на изборите дали ќе биде на заеднички листи или не, најмногу зависи од анализите кои се прават од емпириските истражувања, кои се права и одлуки на органите на сите партии.

- Реклама -