Ковачевски се сретнал со Бајден во Вилнус

Премиерот Димитар Ковачевски објави дека денеска на маргините на Самитот на НАТО во Вилнус имал, како што вели, куса средба со американскиот претседател Џо Бајден.

„Средбата со претседателот на САД Џо Бајден, на Самитот на НАТО, беше можност накратко да поразговараме за важноста на европските и евроатланските интеграции на Северна Македонија и земјите од Западен Балкан како еден од предусловите за обезбедување на мирот, стабилноста, безбедноста и просперитетот на регионот“, напиша Ковачевски на Фејсбук.

Претходно тој се сретна и со британскиот премиер Риши Сунак, со премиерите на Словенија – Роберт Голоб, на Луксембург – Ксавиер Бетел, на Бугарија – Николај Денков, како и со претседателот на Црна Гора – Јаков Милатовиќ.

Прочитајте и:  Кирби: Заканите од Москва за противракетната база во Полска треба да се сфатат сериозно иако се неодговорни и неразумни

- Реклама -