Ковачевски: Слушнавме од помошникот државен секретар на САД кој лаже и за кого не треба да се гласа

Директорот на Агенцијата за национална безбедност бил на службено патување во Хрватска, со сите одобренија. Со возилото управувал возач и имал обезбедување. За целиот настан постои полициски записник и сè било регулирано согласно законите – ова го истакна премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на пратеничко прашање дали е запознаен со случајот во кој директорот на АНБ, Зарко Милошевски, во октомври годинава, со возило дадено на користење од СОЗР, кај Неум во Хрватска учествувал во сообраќајна незгода и платил казна.

„Кој лаже и кому не може да му се верува, слушнавме најубаво вчера од помошникот државен секретар на Америка. И од кого, ни кола не треба да се купи и за кого не треба да се гласа“, рече Ковачевски во одговорот.

По одговорот на премиерот, Јанушев посочи дека се шпекулира, односно, како што рече, дека станува збор за приватно патување.

Ковачевски, инаку, алудираше на интервјуто на за „360 степени“ на МРТ 1 на помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан. Во интервјуто, О’Брајан, прашан за ставот на ВМРО-ДПМНЕ против уставните измени и дали има шанси за промена на преговарачката рама, рече дека понудата што е на маса треба да се прифати и дека тој не би гласал за некој кој ветува дека има решение, но не го кажува. Тој тоа го спореди со купување автомобил од сомнителен продавач:

Прочитајте и:  ВМРО-ДПМНЕ: Каранфилова Пановска е уште една продолжена рака на Заев во СДСМ

„Видите, има понуда на маса. И ако сакате да знаете за некого кој е и како ќе постапува кога ќе биде на власт, видете како ќе реагира на таа понуда. Ако тие велат, на многу јасен начин, еве ја алтернативата и верувам дека таа е прифатлива за другите, тогаш можете да процените дали се во право или не. Ако велат – имам подобра понуда, но нема сега да ти кажам што е – тоа е личност од која не би купиле автомобил. Па, мислам и дека не би требало да гласате за нив, исто така. Но, тоа е избор кој го прават гласачите овде. Јас не гласам овде. Луѓето може да изберат што сакаат“, рече О‘ Брајан, меѓу другото.

- Реклама -