Ковачевски: Во моментов нема преговори за влез на уште една партија во Владата

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека во моментов нема разговори за влез на друга партија во владејачката коалиција.

„Такви разговори нема во моментов, меѓутоа јас и во моето експозе при изборот на новите министри и заменици, кажав дека оваа Влада останува отворена за сите политички партии и поединци и организации кои сакаат да се приклучат на ‘Европскиот сојуз’, а кои сакаат да учествуваат во носење одлуки кои значат побрзо зачленување во ЕУ и носење побрзо и поефикасно на реформските закони за сите значајни области во Собранието“, рече Ковачевски.

Доколку која било партија оцени, врз основа на своите определби и визија и одлуки, дека сака да биде дел од оваа Влада, тогаш вратата ѝ е отворена, порача тој.

Прочитајте и:  Николоски: Ако сработиме добро со Франција, дипломатски тешкаш за едно попладне во Софија би го решил проблемот

Одговарајќи на новинарско прашање, Ковачевски обвини дека има партии кои декларативно се „за“ влез во Европската Унија или НАТО, но не поддржале ниту една одлука поврзана со нашето зачленување во нив.

Извор: МИА

- Реклама -