Коваленко: Денешниот ракетен удар врз Киев е почеток на масивни напади врз Украина

Денешниот руски комбиниран напад со проектили и беспилотни летала врз Киев може да биде почеток на поголеми напади врз Украина во следните недели и месеци, предупреди украинскиот безбедносен функционер Андриј Коваленко.

Високот позиционираниот член на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана, на својот канал Телеграм објави дека „Москва е подготвена да изврши масовен напад“ и дека има складирано значителен број крстосувачки ракети „за претстојната зима“.

„Употребата на стратешка авијација го потврдува тоа. Ги знаеме сите планови на непријателот и ги разбираме. Украина ќе се спротивстави на тоа“, рече Коваленко.

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте вчера предупреди дека Украина се соочува со „најтешката зима од 2022 година“.

Прочитајте и:  Вонредно обраќање на Путин до нацијата во врска со војната во Украина

Украинците со месеци се плашат од голем руски напад, загрижени дека тоа би можело да му нанесе нов удар на сериозно оштетениот енергетски систем и да предизвика долгорочни прекини на електричната енергија како што се приближува најстуденото време.

- Реклама -