Менаџерот на КПР, Хари Реднап, по сензационалната победа на „Стемфорд бриџ“ против Челси (0-1), сака да го засили тимот со Весли Снајдер во битката за опстанок.
За него се интересираат и многу поголеми клубови во Англија, како Манчестер јунајтед, Тотенхем, Арсенал, Ливерпул, но тој има годишна плата од 6 милиони евра во Интер и не сака да се согласи на намалување.
Токму на таа карта игра и раководството на Квинс Парк Ренџерс кое е подготвено да му даде неделна плата од 200.000 фунти за да го привлече Холанѓанецот во овој клуб. Секако, Снајдер ќе има клаузула дека може да си замине доколку КПР го загуби премиерлигашкиот статус во Англија.
Засега, Весли Снајдер се уште чека и ги „мерка“ понудите кои доаѓаат на негова адреса.