Кошаркарот на Сан Антонио, Виктор Вембањама нема да може да ја доигра тековната сезона.
Според информациите на Шамс Чаранија, познат НБА инсајдер, причина за оваа одлука е тромб во десното рамо на младиот центар.
Францускиот кошаркар неодамна настапи на Ол-стар натпреварот во Сан Франциско, што го прави оваа информација уште понеочекувана.
Во текот на сезоната, Вембањама бележеше просечни статистики од 24,3 поени, 11 скока и 3,7 асистенции на вкупно 46 одиграни натпревари.
Во редовите на Спарс пристигна во 2023 година, како прв избор на драфтот. Минатата сезона беше признат како најдобар дебитант во лигата, ја предводеше листата на блокади и се најде во најдобрите дефанзивни пет играчи на сезоната.




