Психоделичниот транс почнал да се развива од почетокот на 1990-тите кога Гоа Транс сцената го впивала влијанието на уметниците како што се X-Dreams, Koxbox, Hallucinogen и Eat Static.
Интересно е да се напомене дека проектот Eat Static, на почетокот бил составен од Мерв Пеплер и Џои Хинтон во 1989. Џои Хинтон го напуштил проектот во 2008г. и се посветил на бендот Ozrich Tentacles, каде што настапувал и креирал музика заедно со син му на Роџер Вотрс, басист и лиричар на познатиот бенд „Pink Floyd“. Роџер Вотрс ја има искомпонирано песната „On The Run“, за албумот „Dark Side Of The Moon“, песна во која се препознаваат основните елементи на транс музиката, песна која била искомпонирана 20 години пред првите psy-trance проекти да завземат залет.
Првата издавачка куќа за чисто Psychedelic транс беше Dragonfly Records, формирана од уметникот и продуцент на транс Мартин „Youth“ Glover (поранешен басист на бендот Killing Joke) во Брикстон, Лондон. Tој ја искористил организацијата и студиото на неговата веќе постоечка издавачка куќа, Butterfly Records. Брзо станала центар на лондонската психоделична транс сцена. Раџа Рам и Греам Вуд првпат продуцирале таму како „The Infinity Project“. Сајмон Посфорд, кој работел како аудио инжињер во Butterfly records, подоцна го издал својот легендарен албум „Twisted“ под уметничкото име „Hallucinogen“ за „Dragonfly“. Овој албум ја содржи класичната песна „LSD“ со примерок од гласот на писателот – Кен Кејси.
Првата компилација од Dragonfly била објавена како транс семплер и набрзо следи друга компилација со наслов Project II Trance во август 1993 година. Тие вклучуваат дела од познати уметници како францускиот проект Total Eclipse и MandraGora. Во 1994 година биле објавини синглови од Man With No Name, Prana, Ayahuasca, Slinky Wizard и Doof. Компилацијата „Order Odonata“ била објавена истата година.
Во овој момент сцената рапидно растела и се создадени многу нови издавачки куќи. Раџа Рам и Греам Вуд основале сопствена издавачка куќа, наречена TIP Records (сега TIP World). Цујоши Сузуки соработувајќи со Џон Перлоф ја создале Matsuri Productions. Flying Rhino Records е основана од Џејмс Монро, Доминик Лемб и Џорџ Баркер (Slinky Wizard).
Сајмон Бери ја основал Platipus Records, која меѓу другото го издала и првиот винил од уметникот Technossomy. Сопствениот проект на Сајмон, Union Jack го издаде нивниот утрински транс албум „There will be no Armageddon“ во 1996 година, со добро познати песни како „Red Herring“, „Cactus“ и „Two Full Moons and a Trout“.
Околу ова време се појавила нова издавачка куќа во Велика Британија. Некои сметаат дека Blue Room Released е од најважните и невообичаени етикети во жанрот психоделичен транс. Предводено од Симон Гахари, имале солидна финансиска поддршка од британската компанија за звучници. Наводно, Гахари имал слобода да ги троши парите како што му одговара, без оглед на бројките за продажба. Ова и овозможило на Blue Room да се оддалечи од „класичниот“ Гоа транс во нови, поекспериментални насоки. Некои од најпознатите уметници денес биле потпишани и нивните дела биле дистрибуирани на етикетата „Blue Room Released“. Нивната прва компилација била насловена „Outside The Reactor“, објавена во април 1995 година и содржи дела од уметници како што се Total Eclipse, Har-El Prussky и Voodoo People. Три од најпознатите проекти – Juno Reactor, Total Eclipse и The Infinity Project исто така ги објавиле своите деби албуми таа година. Наскоро германскиот проект X-Dream започнал да работи и со Blue Room, објавувајќи го нивниот сингл „The Frog“ и многу влијателниот „Radio album“. Во својот врв, Blue Room продолжиле со издавање дела како „Violent Relaxation“ од „Total Eclipse“, „Bible of Dreams“ на „Juno Reactor“, „Mystical Cigarettes“ на „Saafi Brothers“ и „Dragon tales“ од „Koxbox“.
И покрај тоа што билa центар на производство на психоделичниот транс во средината на 1990-тите, Англија имала многу ограничена сцена за забава. Ова најмногу се должи на Предлог-законот за кривична правда и барањата за предвремено затворање во ноќните клубови. За возврат, бендот „The Prodigy“ ја издаваат нивната песна „Their Law( fuck them, and their law)“.
Од друга страна, Германија имала многу полиберални закони, кои покрај неодамнешното обединување придонесувале за развој на тамошната сцена. Германската издавачка куќа Spirit Zone Records се отворила во 1994 година и завршила со потпишување на многу странски уметници како што се The Infinity Project (Велика Британија), K.U.R.O. (Јапонија), Етника (Италија) и Har El Prusski (Израел). Тоа била и домашна етикета на многу германски уметници како што се Electric Universe, Star Sounds Orchestra и S.U.N. Project.
Франција исто така, станувала сè поважна локација, со не само Total Eclipse, туку и сега познатите проекти како Talamasca и Transwave кои се појавувале.
Околу 1997 година, оригиналната Гоа транс сцена минувала низ тешки времиња, особено во Обединетото Кралство. Продажбата паднала и многу големи етикети како што биле Flying Rhino банкротирале, додека други морале повторно да се измислат и да се појават под ново име како TIP World. Смртта на Гоа транс била „официјално“ прогласена од Цујоши Сузуки на неговиот албум Let it RIP, каде што белешките гласеа „RIP: Mother Teresa, princess Diana, William Barous, Goa Trance“.
Во тоа време се појавил новиот звук на она што ќе стане психоделичен транс на денешницата. Вклучувајќи елементи на минимален и прогресивен транс, хаус и техно, додека помалку се фокусирале на оригиналните Гоа мелодии. Германија станала центар на ова движење во 1997 и 1998 година. Многу шведски уметници исто така се појавиле свирејќи попрогресивен звук. Најуспешен и најпознат е Томаш Балицки (Атмос). Неговата песна „Klein Aber Doctor“ била најуспешното издание за Flying Rhino досега, додека издавачката куќа била во процес на реструктуирање. Дури и Dragonfly изјавиле дека ќе се префрлат на овој нов прогресивен звук, а трансот повторно станал популарен. Изданијата од Atmos, Noma, S-Range и Son Kite само го зацврстиле овој факт и ја направиле Шведска важен производител на психоделичен транс.
Наскоро психоделичниот транс повторно брзо се проширувал и за прв пат станале очигледни разликите во музиката што се произведувале во различни земји. Паралелни сцени се развиле и во земји како Израел, Германија, Јужна Африка и Јапонија. Помали, но активни сцени има и во Индија, Нов Зеланд, Австралија, Бразил, Мексико, Холандија, Швајцарија, Австрија, Грција, Португалија, Финска, Русија, Украина, Тајланд, Данска, Полска, Канада, па дури и во САД.
PsyTrance и Goa Trance
Терминот „психоделичен транс“ се користи речиси синоним за „Гоа транс“. Гоа трансот е претходник на психоделичниот транс од доцните 1990-ти, кој користи пософистицирани мелодични уреди и карактеристични бас линии. Гоа трансот е речиси целосно непостоечки жанр на музика, засновано на фактот дека малкумина би ја опишале музиката што ја создаваат како од овој жанр. Терминот „Психоделичен транс“ се користи за да се разликува поновиот материјал направен од многу уметници, за кои порано се знаеше дека произведувале Гоа транс. Целосно вклучено е поджанр кој се карактеризира со „цврсто водени“ бас-линии, мелодии и честа употреба на DSP ефекти.
Значајни уметници се Growling Mad Scientists – G.M.S. и израелскиот Astrix во споредба со „поклубистичките“ минималистички и помалку мелодичните жанрови, како што е прогресивниот транс со поголемо психоделично влијание, пример на многу скандинавски и германски уметници, вклучувајќи го и шведскиот Son Kite.
Многумина го користат терминот Гоа транс за едноставно да ги разликуваат оние парчиња кои се чини дека вклучуваат источни, индиски или „органски“ мелодии, изведени од извори, како индиската класична музика. Ова го олеснува идентификувањето на оние кои не вклучуваат такви елементи, кои слушателите би ги нарекле Психоделичен транс. Овие трансови имаат тенденција да бидат поекспериментални и футуристички (во случајот на Full on trance), вообичаено користат програмирани мелодии кои се позиционирано изведени од мали арпежови Cm7, Dm7, Em7 итн и други егзотични или необични хармонични комбинации, со намера да бидат мулти-тимбрални . И двата жанрови, сепак, продолжуваат да користат примероци земени од извори, како што се научно-фантастични филмови, документарни филмови, класична музика, поп музика, говори на познати личности итн.