Крави кои даваат човечко мајчино млеко

Крави кои даваат човечко мајчино млекоБебињата наскоро би можеле да пијат човечко мајчино млеко од генетски модифицирани крави. Научниците одгледале 300 грла крави чии гени биле модифицирани и вкрстувани со човечки гени со цел составот и хранливоста на млекото да им бидат исти со човечкото. Тие сметаат дека млекото од овие крави би била одлична алтернатива за мајчино млеко.

Сепак, овој потег наишол и на осуда од други истражувачи кои се сомневаат во сигурноста и нештетноста и на методата и на млекото. Инаку човечкото млеко се разликува од кравјото млеко по тоа што содржи големи количини хранливи материи кои се корисни за раст и имунолошкиот систем на бебето. Кравјото млеко има помалку масти и помалку јаглени хидрати, а исто така не содржи антитела кои ги штитат бебињата од некои болести, а кои ги добиваат од мајката преку млекото.

Професорот Нинг Ли, кој го водел ова истражување на кинескиот Универзитет за агрикултура, тврди дека млекото од генетски модифицираните крави може во потполност да го замени човечкото мајчино млеко.

– Ова млеко има нешто појак вкус од млекото на обичните крави. За десет години луѓето ќе можат да го купуваат во самопослуга! – вели тој.

Професорот Ли и неговиот тим користеле технологија на клонирање со помош на човечки гени всадени во ДНК на кравата. Тој исто така истакнува дека млекото од генетски модифицирана крава содржи лизозим, антимикробен протеин кој ги штити бебињата од инфекција, и лактоферин кој го подобрува имунолошкиот систем на бебињата и го доближува по квалитет ова млеко до човечкото мајчино млеко. Професор Ли тврди и дека со неговиот тим го зголемил количеството на масти за 25% и со тоа го отстранил и овој недостаток на обичното млеко.

Од друга страна, Пети Рандал од кампањата “Baby Milk Action“ вели:

– Мора да се донесат строги правила за зачувување и заштита на човековото здравје. Кравјото млеко никогаш нема да биде исто како човечкото. Ова млеко од генетски модифицирани крави би можело да носи голем ризик за кој во моментов никој не е свесен.

Други критичари пак тврдат дека генетското модифицирање на кравите е негативно и за самите животни. Во двата експеримента во Кина во кои се родени 42 крави, преживеале само 28 од нив. Десет умреле веднаш по раѓањето, а другите 16 во рок од 6 месеци.

Инаку во Кина правилата за користење генетски модифицирана храна се помалку строги од истите правила во Европа и во САД. Во Кина сметаат дека ова истражување и овој експеримент би можеле да бидат многу корисни.

Оваа статија е преземена од списанието за наука и техника ЕМИТЕР

- Реклама -