Потребни состојки:
6 јајца
2 литри млеко
20 лажици шеќер
5 пудинг од ванила
250 грама маргарин
Замрзнато лиснато тесто
1 бела шлаг крема од ванила
Подготовка:
• Лиснатото тесто се сука на тенко со сукало и потоа се сече на замислени парчиња до половина од дебелината на тестото. Тестото се боцка со виљушка на неколку места за да не порасне премногу.
• Тестото се става во поголем плех од развлечената кора и се пече во рерна.
• Испечената кора се дели на два дела така да горниот е исечен во парчиња, а долниот е цел дел и останува на дното.
• Филот се прави во 2 литри млеко се варат 5 пудинга, 20 лажици шеќер, 25о грама маргарин и 6 жолчки.
• Кога смесата е варена, во врелиот фил се става изматен снег од 6 белки.
• Филот се прелева на долниот дел од кората, над филот се става изматениот шлаг крем од ванила, но ова се прави откако филот ќе се излади.
• Над шлаг пената се редат парчињата сечено лиснато тесто.
• На крај се посипува со шеќер во прав