Кремљ: Присоединувањето на украинските територии ќе се одвива брзо, обидите да бидат вратени ќе се сметаат за напад врз Русија

Москва, 23 септември 2022 (МИА) – Процесот на присоединување на Донбас и останатите украински територии под руска контрола кон Русија ќе се одвива брзо, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, цитиран од ДПА.

Тој нагласи дека по анексијата, обидите на Украина да ги врати тие територии ќе се смета за напад врз Русија. Претседателот Владимир Путин веќе предупреди дека ќе ги искористи сите средства за да ги заштити.

Песков исто така рече дека во моментов нема основа за преговори меѓу Москва и Киев.

Референдумското изјаснување што не го признава ниту Запад, ниту Украина, почна утрово во делови на регионите Доњецк, Луганск, Запорожје и Луганск кои се под контрола на Русија, а гласањето ќе продолжи до вторник.

Прочитајте и:  Вонредно обраќање на Путин до нацијата во врска со војната во Украина

Референдумите се спроведуваат без согласност на Украина и не ги исполнуваат демократските стандарди, забележува ДПА. На окупираните територии не им е дозволен пристап на независни меѓународни набљудувачи.

- Реклама -