Кремљ за изјавата на Зеленски за учество на Русија на мировниот самит: Треба да се разјасни за каков самит станува збор

Во врска со изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски за учеството на Русија на мировниот самит организиран од Киев, Кремљ денеска соопшти дека прво треба да се разјасни за каков самит се работи.

„Првиот мировен самит воопшто не беше мировен самит, така што очигледно прво треба да разбереме што сака тој (Зеленски) со тоа“, изјави портпаролот на руското претседателство, Дмитриј Песков за руски медиуми.

Зеленски вчера не зборуваше за прекин на огнот, туку за воспоставување „план“за три теми – енергетската безбедност на Украина, чија инфраструктура е уништена од руското бомбардирање, слободна пловидба во Црното Море и размена на заробеници.

„Мислам дека руските претставници треба да учествуваат на овој самит“, рече украинскиот претседател, надевајќи се дека „планот“ за таква средба би можел да биде готов во ноември. 

Прочитајте и:  Медиуми во ЕУ: Путин го пречекори опасниот праг
- Реклама -