Кристерсон: Победата на Украина е најважен приоритет и егзистенцијално прашање за ЕУ

Победата на Украина, која беше нападната од Русија, е егзистенцијално прашање за Европа и за ЕУ ​​нема поголем приоритет од тоа, изјави премиеро Улф Кристерсон, премиер на Шведска, која на 1 јануари го презеде претседавањето со ЕУ.

„Украинската победа има егзистенцијално значење за Европа, нема поголем приоритет од Украина. Судбината на Украина е и судбина на Европа“, рече Кристесон на заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен.

Шведската Влада изминативе два дена беше домаќин на членовите на ЕК во Кируна, најсеверниот град во Шведска, а на средбата се разговараше за приоритетите за следните шест месеци.

Претседателката на ЕК нагласи дека ЕУ треба да го зголеми притисокот врз Русија и да продолжи да ѝ помага на Украина.

Прочитајте и:  Британија сега е директно вклучена во војната во Украина, вели рускиот амбасадор во Лондон

„Ја поддржуваме Украина од првиот ден на инвазијата и ќе продолжиме да ја поддржуваме непоколебливо. Ние, исто така, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија“, рече Фон дер Лајен.

Таа додаде дека Европската унија беше премногу зависна од руските фосилни горива. Русија го намали снабдувањето со гас за ЕУ ​​за 80 отсто, но Унијата успеа да го надомести тоа од други извори.

„Сега цените на бензинот се пониски отколку пред руската агресија, не останавме без струја, складиштата за гас се полни, двојно го зголемивме производството на енергија од обновливи извори“, рече Фон дер Лајен, најавувајќи дека ЕК напролет ќе објави предлог за реформа на пазарот на електрична енергија и дека ќе изработи механизам за заедничка набавка на гас.

Извор: МИА

- Реклама -