Критики за Вучиќ по театарот на Табановце: „Вчера беше ‘вакциниран’ Заев, ќе има и ревакцинација“

Пишува Ранко Пивљанин за „Нова.рс“

Знае ли некој како се вика претседателот на Северна Македонија? (Нееемојте на Гугл, така и јас дознав дека човекот постои и се вика Стево Пендаровски). А каде беше македонскиот претседател вчера околу 10 часот претпладне, таман на почетокот на еден од националните дневници на ТВ Пинк? Којзнае, најверојатно одмарал во топлината на својот дом – света недела е – наместо да го прими колегата по функција од Србија кој му иташе во поход носејќи му подарок. Еее, мој Стево, никогаш нема да биде Александар Македонски од тебе, никогаш втор и трет мандат, никогаш ти нема да влезеш во историјата – таму каде низ вејавици, избегнувајќи силни атентати и црни душмани, незапирливо ита еден човек со мечот на Стефан Немања во едната, шприц во другата рака и шпица на „Хит твит“ на реверот.

Имено, вчера на граничниот премин Табановце меѓу Србија и Северна Македонија присуствувавме на пропагадандна претстава на моментално нашата најголема актерска ѕвезда, од неговиот таканаречен зимски опус. Фекетиќ, ама овој пат малку појужно.

Улоги: Александар Вучиќ – претседател на Србија, Зоран Заев – премиер на С. Македонија, снег, лутиот северец во косата, камерата на Пинк со наполнети батерии за да случајно не затаи на студот, едно амбулантно возило и во него кутија Фајзерови вакцини против ковид, 4.680 парчиња (ќе има уште еден контингент за уште едно сликање).

И? Зар не ми е срам да се спрдачам со доброчинството на нашиот претседател кој реши да ѝ излезе во пресрет на соседната братска Македонија, демонстрирајќи широко српско срце и кои, меѓу другото, си ја упрапасти сам себе неделата, по онакво невреме се упати таму само да би го предал оној пакет и, малтене, веднаш се врати назад? Да не случајно закасни во „Хит твит“!

Не ми е, бидејќи тој вчера не ѝ учини толку на Македонија, колку на себе, и тоа во школски пример за функционерска кампања, со бесрамна злоупотреба на сите државни ресурси кои му се на располагање, но и на маката на нашите јужни соседи кои сѐ уште не се докачиле до вакцина против корона.

Да се работеше исклучиво за племенит гест, а не за пресметано саморекламерство, кутијата со вакцини таму можеше да стигне и без толкава помпа (изгледаше како да сме им поклониле не 4 илјади, туку 4 милиони дози). Евентуално во пратња можеше да отиде министерот за здравство, ќе беше објавена веста и толку. Освен тоа, христијанската етика на доброчинење не подразбира разгласување на доброто дело со сите ѕвона, туку дарување по принципот левата рака да не види што прави десната.

Прочитајте и:  Вучиќ за Би-Би-Си: Никогаш не сме го признале Косово, нормализацијата значи дека го чуваме мирот

Во краен случај, ако сѐ тоа требаше и мораше да се крене на државно ниво, зарем таму – по протоколарната хиерархија – не требаше ли да се упати претседателката на владата и да го врачи подарокот на македонскиот колега? Обичај е, нели, претседателите на држави да примаат претседатели, а премиери да ги пречекуваат премиерите. Меѓутоа, кој овде знае за веселиот Стево, додека за Заев знаат, помалку или повеќе, сите. Нешто слично како со Вучиќ и со Ана, со тоа што во случајот на овие нашите, популарноста и влијанието се обратно пропорционални со ингеренциите и овластувањата.

Вучиќ, значи, свесно избра да изигрува курир на брза пошта и се упати по невреме на македонската граница само за уште еднаш да поентира во очите на своето гласачко тело – ем јунак, ем работлив, ем добротвор, ем регионален лидер, љуби га баба и дедо. Беше тоа вешто осмислен перформанс, атрактивно покритие за неговите телевизиски гостувања, искористен уште истата вечер во фамозната „Хит твит“, каде по принципот „усто моја, фали ме“, настапуваше. Пред тоа, секако, претпладневниот излет до Македонија беше емитуван на сите можни телевизии, така што Главниот Актер можеше да биде целосно задоволен со ефектот. Добро знае Вучиќ дека пропагандниот ефект на целата приказна би бил далеку помал доколку во неа статираа, на пример, Лончар или Брнабиќ, и дека само со него во главна улога сѐ добива на тежина, има продолжено траење, а истовремено го завцврстува и како подвижен билборд за Српската напредна странка. Попатно испраќа уште една порака: Јас набавувам вакцини, јас и ќе ги делам кога и на кого сакам.

Така вчера беше „вакциниран“ Зоран Заев, но пред сѐ во корист на имунизацијата на Вучиќевото изборно стадо во рамките на никогаш прекинатата изборна кампања на овој човек. А ќе има и ревакцини, тие веќе може да ги однесе и Ана.

- Реклама -