Главниот координативен кризен штаб на синоќешната седница ја усвои препораката на Комисијата за заразни болести за кратење на периодот на изолација после позитивен ПЦР КОВИД тест од 10 на 7 дена, ја достави до Владата и за неа треба да биде дискутирано на следната владина седница, информира владината прес-служба.
На седницата на ГККШ министерот за здравство Беким Сали ја презентирал актуелната состојба со пандемијата предизвикана од КОВИД-19.
Препораката е врз основа на предлог на Комисијата за заразни болести поради, како што наведуваат од Владата, полесната клиничка слика предизвикана од омикрон сојот.
МИА