Крмов: Ако АСНОМците и Партизаните биле фашисти, тогаш и ние во Левица сме фашисти

Апсурдно е Левица, односно тој и неговиот сопартиец Димитар Апасиев, да бидат обвинувани за национализам и фашизам, особено од партија што на избори мафтала со знаме на Голема Албанија, истакна пратеникот Борислав Крмов, прашан за обвинувањата од страна на Алијанса за Албанците и Алтернатива, кои сметаат дека блокирањето на нивниот Предлог-закон за државјанства Левица го прави од националистички побуди.

„За каков национализам бевме обвинети ние од Алијанса и Алтернатива – тука зборуваме за партија што мавташе со знамето на Голема Албанија на избори. Го поддржаа протестот за ‘Монструм’ кадешто на луѓе не им беше дозволено на македонски да се обратат, кадешто се скандираше ‘Етничка Албанија! Етничка Албанија! Етничка Албанија!’. Ние ли сме националистите!?“, врати Крмов.

Прочитајте и:  Мециновиќ: Со малограѓански сценарија пратениците од ВМРО-ДПМНЕ сакаа да избегнат одговори на прашањата поставени од Левица

Тој подвлече дека левиот патриотизам и АСНОМ се вградени во кредото на Левица и тоа може да се види и во нивните основачки документи.

„Ако АСНОМЦИТЕ, ако Партизаните биле националисти и фашисти – тогаш и ние сме националисти и фашисти, јас така би одговорил на вашето прашање“, рече Крмов. Повеќе, во видеото:

- Реклама -