Без оваа намирница популарните и вкусни јадења низ светот не би биле тоа што се.
Покрај ова, кромидот ги чисти крвните садови, влијае врз намалувањето на високиот крвен притисок, го намалува нивото на лошиот холестерол во крвта, ја поттикнува циркулацијата, а сè ова заедно делува благотворно врз здравјето на срцето.
Кромидот ги содржи витамините Ц, Б1, Б2, Е, различни минерали (железо, калциум, калиум, сулфур…), богат е со фолната киселина и може да се заклучи дека позитивно делува врз јакнењето на организмот и имунитетот.
Интересен податок е дека кромидот содржи еден вид хормон од билки сличен на инсулинот, пa во одредена мерка може да го регулира нивото на шеќерот во крвта поради што е корисен за дијабетичарите.
Тој позитивно влијае врз органите за варење, ја поттикнува работата на жолчката, го јакне желудникот и цревата.
Доколку се консумира во вечерните часови, кромидот може да ги отстрани лесните облици на несоницата.
Покрај тоа, кромидот делува и како диуретик особено во комбинација со магдоносот и целерот.
Со оглед дека има изразено антисептичко дејство за надворешна употреба, народната медицина ја препорачува примената на свежо сечканиот кромид за отстранување на брадавички, против убоди од инсекти и кај габичните заболувања.
Како и кај мнозинство здрави намирници и кромидот е најкорисен за организмот доколку се користи свеж.