Крвавиот крај на „Game of Thrones“ ја шокираше публиката

Ако сѐ уште не сте ја гледале деветтата епизода од третата сезона на хит серијата „Game of Thrones“, а имате намера, веднаш напуштете ја оваа статија.

Епизодата предизвика шок кај фановите многу повеќе од крајот на првата сезона во која на миленикот на публиката Нед Старк му беше отсечена главата. Тие кои не ги читале романите на Џорџ Р.Р. Мартин доживеаја уште еден шок – одлета уште една кралска глава.

Пред сѐ да видиме како реагираше публиката ширум светот на оваа сцена:

[youtube]http://youtu.be/78juOpTM3tE[/youtube]

После две сезони од обезглавувањето на Нед Старк време е да се опростиме од уште еден омилен херој. Зошто баш омилените Старк?

Како што мотото на Ланистер е „Ланистер секогаш го плаќаат долгот“ така новото мото на Старк може да биде „Старк секогаш плаќаат за своите грешки“. Иако тие грешки се последица на идеалите и љубовта што во обичните серии ќе им даде статус на бесмртност, во „Game of Thrones“ ништо не е нормално.

Роб Старк цело време беше опкружен во крв. Така и заврши. Со својата млада невеста, сите витези и со мајката Кетлин. Што друго можеше да очекува човекот кој го погази зборот кон крутиот Валдемар Фреј?

348029_game2_ff

Еве што Џорџ Р.Р. Мартин изјави за „The Red Wedding“ уште на премиерата на третата сезона:

„Луѓето кои учествуваа во снимањето ми рекоа дека е ужасна. И јас како и фановите ја очекувам со доза на ужас. И се плашам од реакцијата. Кога го објавив тој роман, добивав неверојатни писма во кои ми опишуваа како ја палеле книгата, како веќе никогаш нема да ме читаат и како ме мразат. Но, потоа го купија продолжението и сега ме сакаат. И сега се можни слични реакции. Не му препорачувам на никој да го запали телевизорот. Тоа би било премногу опасно“.

- Реклама -