Крвавото езеро во Турција

Туз Голу, соленото езерото во Аксарај, Турција, изгледа како еден голем базен на ѓаволот, затоа што е целото обоено во црвена боја. За среќа, не се работи за некоја виша сила, туку сега е период на цветање на алгите кои се целосно безопасни.

Езерото испарува за време на летниот период, односно исчезнуваат планктоните, кои обично ги јадат алгите, објаснува професорот по екологија, Кристофер Гоблер.

2(1394)

– Сега, алгите цветат и најверојатно езерото ќе биде црвено сè додека езерската вода целосно не испари, што би требало да се случи идниот месец, додава проф. Гоблер.

Иако водата е безопасна, тој препорачува дека не е за пиење. Алгите се богати со црвен бета каротин, поради кои фламинго птиците имаат розова боја.

Прочитајте и:  Експлозија во рафинерија за нафта во Турција

3(1331)

Туз Голу е едно од најголемите солени езера во светот, а второ по големина во Турција. Поголемиот дел од годината е големо околу 1502км2, а длабоко од 1 до 3 метри.

4(1230)

Езерото поцрвенува и се повлекува секое лето, оставајќи зад себе испукана сол, која ја снабдуваат половина Турција со резерви, а исто така привлекува и туристи кои сакаат да го фотографираат овој феномен.

5(1075)

- Реклама -