„Нема ‘наша’ и ‘ваша’ историја – историјата е една со таа на мајка Бугарија“, велат од Културниот центар „Иван Михајлов“ од Битола и бараат ставање крај на лошите односи со „Мајка Бугарија“.
„Ние сакаме нашите деца да живеат во мир, да се учат на морал и етика и да ја учат вистинската историја, која е дел од нашиот бугарски корен“, се вели во соопштението напишано на бугарски јазик, објавено и од бугарската новинска агенција БГНЕС, оттаму и во бугарските медиуми. Го пренесуваме во целост:
„Драги Сонародници!!! Во последните денови, во вечерието на Денот на Европа, на која член е Бугарија, нашата македонска политичка елита одлучи да го нaпaдне источниот сосед и да одново да му упати лекција по југословенска историја. Антибугарскиот рефлекс од лево и десно проработи и веќе една недела сме cведоци на натпревар со кoлнeње на верност на Титовиот етнички инженеринг во Вардарска Македонија. Ни претставија неколку лаги, во чие име сме подготвени, како што сака нашиот Претседател, да се откажеме од членство во ЕУ:
1. Бугарија не ни давала да се наречеме македонци?!
Бугарија никогаш не правела разлика меѓу ‘Бугарин’ и ‘Македонец’. Двата за неа се синоними. Таму денеска живеат повеќе Македонци отколку кај нас во Македонија. И тие се чувствуваат како Бугари. Лага е дека има бугарска позиција кој што би им го негирала правото на самоопределување како Македонци на граѓаните на РСМакедонија. Само кај нас има политичари кои што сакаат да нѐ делат на Бугари и Македонци. Никој не може да го негира правото на македонските Бугари да бидат горди македонски патpиоти. Такви беа нашите предци, нашите македонски преродбеници, илинденците, вистинските ВМРО-вци – Гоце, Даме, Тодор Александрво, Ванчо Михајлов.
Но изледа кај нас право на самоопределување имаат само живите. На нашите предци им го бришеме тоа право да бидат истовремено Македонци и Бугари!!! А дали некој во нашата пост-југословенска политичка ‘елита’ размислува за тоа што ќе се случи ако успеат да го разделат нашиот македонски народ на ‘Бугари’ и ‘Македонци’? Дали етно-демографските пропорции и односи во републикава ќе останат истите како денеска?
Ние сме горди Македонци, горди со бугарските корени на нашите предци. А заедничката историја е факт не само до 1944 година, но и во годините на мacовни yбиcтва и peпpeсии врз македонските Бугари, од кои илјадници завpшиja во затвopи, yбиeни од cлyгите на Темпо во Македонија.
2. Бугарија не ни дава јазикот да си го наречеме македонски!?!
Ние со Бугарите зборуваме две различни варијанти на истиот јазик. Тоа е факт. Германците и Швајцарците ги имаат, како ние и Бугарите, истите разлики. Секој има право да си го нарече јазикот како сака. Нашиот јазик го објавија со декрет на 2 август 1944 година. Дали имаше peферендум па да нѐ прашаат како сакаме да го нарекуваме јазикот? Не! Денеска имаме дефинција на нашиот јазик во Уставот на РС Македонија како македонски. Имаме официјален уставен јазик и тоа Бугарија апсолутно ни го признава. Коренот на нашиот јазик, како и на бугарскиот, лежи во заедничката историја на нашиот народ – народот на Светите браќа, на Свети Климент, на Свети Наум, на браќа Миладинови, на Рајко Жинзифов и многу други. Денеска нашата македонска варијанта на јазикот има дефиниција во Уставот, значи имаме уставен јазик. Тоа Бугарија го призна во Договорот. А Договорот е услов за наше членство во ЕУ.
Ние членовите на Културен центар „Иван Михајлов“ многу добро ги знаеме идеите на последниот peволуционер на ВМРО кого уште додека беше жив народот го нарече легенда. Авторската негова книга ‘Македонија – Швајцарија на Балканот’, ако ја прочитаат младите, јасно ја покажува неговата љубов за Македонија и желбата за мир на Балканот. Во книгата е кажано дека се прави жpтва од наша страна како Бугари да се одделиме од мајката Бугарија.
Нема наша и ваша историја. Историјата е една со таа на мајка Бугарија. Секогаш сме се бореле заедно за заедничката слобода за нашиот заеднички бугарски народ.
Како граѓани на оваа наша држава сакаме да живееме во мир и да се стави крај на лошите односи со мајка Бугарија. Ние сакаме нашите деца да живеат во мир, да се учат на морал и етика и да ја учат вистинската историја, што е дел од нашиот бугарски корен“, се вели во соопштението.