Ова не е обичен кучешки измет. Ова е софистицирана направа за шпиунирање од 1970-тата.
Т-1151 Dog Doo трансмитерот може да се види во колекцијата на Националниот музеј на Американските воздухопловни сили. Не изгледа пријатно, ама бил екстремно корисен за време на војната во Виетнам.
Според музејскиот опис, направата била поставена по должината на железницата Хо Ши Мин, од воздух, и емитирала предупредувачки сигнал секогаш кога ќе регистрирала движење во ноќта (обично виетнамската војска ги пренесувала залихите и била снабдувана со муниција и храна во текот на ноќта). Сигналите биле мониторирани од неколку разузнавачки агенции, меѓу кои и ЦИА.
Трансмитерот е околу 10 сантиметри долг и околу пола сантиметар висок, што всушност значи дека бил лесно пренослив и ни најмалку не предизвикувал сомневање. Така, овој „шпиун“ ретко бил вознемируван од непријателот, а неговиот оперативен век се сведувал на издржливоста на батеријата, правејќи го многу ефикасен, дури и кога бил поставен неколку дена пред почеток на воените акции.
Добар трик, ЦИА, добар трик.