Кучето и лавот

Кратка басна за размислување…

Еднаш кај лавот дошло кучето и го предизвикало на борба, но лавот не му обрнал внимание. Тогаш кучето му се заканило:

– Ако не се бориш со мене, ќе одам и ќе им кажам на сите свои пријатели дека лавот се плаши од мене!

На тоа, лавот одговорил:

– Подобро кучињата да ме прогласат за кукавица отколку лавовите да ме презираат за тоа што се борам со кучиња.

- Реклама -