Кујна каде технологијата станува инспирација

Во модерниот дом, кујната одамна не е само место за готвење – таа е сцена на креативност, собирање и споделување моменти. Денес, технологијата ја носи оваа приказна чекор понатаму, претворајќи ја во простор каде удобноста, стилот и иновациите живеат заедно. Со новата генерација на паметни фрижидери од Самсунг, секојдневието станува полесно, а готвењето поинспиративно. Од големи интерактивни екрани што ве водат низ рецепти и планови за оброци, до интелигентни системи кои ја чуваат храната свежа подолго – вашата кујна добива нова, футуристичка димензија.

Фрижидер што мисли заедно со тебе

Замислете во кујната да имате личен асистент, но во форма на фрижидер. Со големиот 21.5-инчен Full HD екран, фрижидерот Samsung Bespoke AI Family Hub не е само место каде се става храната и пијалоците. Тој е ваш медиумски центар, ваш бележник, па дури и ваша музичка кутија. Додека готвите, можете да го следите рецептот чекор по чекор, да слушате омилена Spotify плејлиста или да пуштире YouTube видео за нова кулинарска техника. Создаден и за мултитаскинг – на екранот може да ја проверите и календарската агенда или дури и да пуштите ТВ-канал преку Wi-Fi.

Но овој фантастичен фрижидер не застанува тука. Со вградени камери ја проверувате внатрешноста на фрижидерот директно од телефонот, без да ја отворате вратата. Совршено за ситуации кога сте во маркет и се прашувате дали ви останало млеко или јајца. А со AI Energy Mode ќе заштедите струја со интелигентно прилагодување на енергетската потрошувачка според сопствените навики.

Дизајнот е модерен и чист, со рафинирани линии и елегантна црна боја која внесува допир на луксуз во секоја кујна. А големиот капацитет – 389 литри во фрижидерскиот дел и 225 литри во замрзнувачот – гарантира простор за сè: од неделно пазарење, до складирање специјални состојки за празници и семејни прослави. Со All-Around Cooling системот секој агол останува рамномерно ладен, а металната Cooling плоча ги задржува намирниците свежи подолго време.

Фрижидер кој внесува елеганција и функционалност

Ако вашиот стил е малку повеќе минималистички, тогаш фрижидер со француска врата со AI HOME вашиот вистински избор. Неговиот помал, дискретен екран е тука за сите основни паметни функции – контрола на температура, препораки за рецепти според состојките во фрижидерот, па дури и информации за енергетска ефикасност. Идеален за оние кои сакаат технолошка поддршка, но без да го „запоседне“ целиот изглед на кујната.

Со својот четири-вратен French Door дизајн, овој фрижидер внесува елеганција и функционалност. Горните врати нудат широк и лесно достапен простор за свежата храна, а долните делови обезбедуваат замрзнувач со јасна организација. Сето тоа е збогатено со AI Hybrid Cooling системот, кој интелигентно го регулира протокот на воздух за да ја задржи оптималната влажност и температура. Резултат? Храна која трае подолго, без да го изгуби вкусот и свежината. Капацитетот од 654 литри го прави совршен за семејства со повеќе членови, или за сите кои сакаат да имаат слобода да складираат големи количини без да размислуваат за простор.

SmartThings за паметен дом

Она што ги прави овие фрижидери уште попосебни е нивната беспрекорна интеграција со SmartThings. Со само неколку допири на вашиот телефон, можете секогаш да проверувате што има во фрижидерот, да добивате потсетувања за производи кои истекуваат, или да црпите идеи за оброци со состојките што веќе ги имате дома.

SmartThings не е само апликација – тоа е паметен екосистем кој ги поврзува сите уреди во домот: светла, рерна, машина за перење, клима… и сето тоа го контролираш од едно место. Така, вашиот дом станува организиран, ефикасен и создава уште повеќе време за моментите кои навистина ви значат.

Не ја пропуштајте промотивната понуда

Со новата генерација паметни фрижидери, вашата кујна станува центар на иновации, свежина и инспирација. Време е да ѝ подарите на храната најдобри услови, а на семејството – комфор што трае.

Изберете го вашиот нов Samsung фрижидер денес и добијте сигурност што вреди – 5 години гаранција (2 години редовна + 3 години комерцијална гаранција) за одредени модели. Погледнете ја понудата и откријте го моделот што ќе ја претвори вашата кујна во вистинска приказна на иднината.